Обвинетиот член на гевгелискиот огранок на политичката партија „Левица“ Костадин Карев главната расправа од судскиот спор, покренат од полицајка која била фотографирана од него додека била на должност за време на локалните избори изминатата година, ќе мора да почека до 16 април.
За тој датум судијката ја одложи главната расправа поради најавеното отсуство на оштетената полицајка, која се наоѓала надвор од државата и не била во можност да се појави во Основниот суд во Гевгелија.
И првото рочиште од овој судски спор, во кој беа сослушани само обвинителството и одбраната, беше презакажано за денеска исто така поради отсуство на оштетената со образложение дека била неуредно поканета од страна на Судот.