Одложена заедничката седница на владите на Македонија и Србија

690

Заедничката седница на владите на Македонија и Србија што беше најавена за 21 март се одложува.

Одложувањето, како што соопшти владината прес-служба, е поради неодложни обврски на премиерката на Република Србија, Ана Брнабиќ.

Од Владата ќе информираат дополнително за новиот утврден датум за одржување на меѓувладината седница со Република Србија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...