Од цементарница Усје украле делови за печка вредни близу 14.000 евра

214

Цементарница Усје АД, вчера пријавила дека во периодот од 1 јануари до 8 март годинава во фабриката била извршена тешка кражба на резервни делови кои се користеле во процесот на производство, информира полицијата.

Тешката кражба била извршена од страна на непознат сторител, во магацинот кој се наоѓал во кругот на фабриката при што сторителот одзел 55 парчиња РОСТ плочи и 35 парчиња надворешен излезен сегмент за печка со што се стекнал со противправна имотна корист од околу 850.000 денари.

Се работи на расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...