Од споменикот на Ќосето остана уште грамадата ФОТО

631

И денеска продолжува отстранувањето на постаментот од поранешниот споменик на Андон Лазов Јанев – Ќосето пред Судска палата.

Претходно споменикот на Ќосето беше отстранет од пред Врховниот суд на 22 февруари и однесен во магацините на Металскиот завод Тито.

Споменикот во 2014 беше дониран и поставен од Здружението за духовно обединување на Сетинци, Попадинци и Крушоради од Лерин, a ќе биде заменет со дрво на кое ќе биде изгравирана плочка за човекови права донирана од збратимениот град Нинберг, најави градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...