Од Македонија во Србија доаѓаат сѐ помал број на мигранти

227

Од Македонија во Србија нема поголем прилив на мигранти, како што беше во претходниот период, бидејќи мигрантите се пребасочија кон двете нови мигрантски рути, преку  Бугарија и Романија, како и преку Грција и Албанија, изјави денеска претставникот на Управата за гранична полиција на Србија Миленко Вукадиновиќ.

Според него, Србија нема голем прилив на мигранти, како што беше случајот пред две или три години, додека припадниците на МВР и армијата ги блокираат границите поради што се појавуваат само поединечни случаи на нелегална миграција.

Вукадиновиќ на прес-конференцијата во Полициската управа во Врање, по завршување на  заедничката полициска акција „Сава”, (20-27 март) во која покрај преставници на полициите од Србија, Македонија, Австрија, Албанија, Молдавија и ЕУРОПОЛ изјави дека главна цел на акцијата била откривање на илегални мигранти од граничниот премин Прешево до наплатната рампа Наис кај Ниш.

– За време на акцијата откриени се вкупно три илегални имигранти од Сирија, 427 грама хероин и 5.378 шверцувани цигари – додаде тој.

Шефот на Еуропол,Роберт Черпинко, рече дека целта е соработката со полициските сили на балканските земји и борбата против организираниот криминал и тероризмот и дека ова е третпат Европол да учествува во заедничка акција организирана од Програмата за гранична безбедност на ДЦАФ.

– Полицијата добро ја врши својата работа, што може да се заклучи врз основа на фактот што шверцерите секој ден измислуваат нови начини на криумчарење мигранти, што сигурно нема да биде така доколку полицијата не ги спречува – рече Черпинко.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...