Обвинителството потврди: Пронајдени се телефони кај притворените за 27 април

1491

Во претрес кај лицата кои се притворени во врска со настаните во Собранието од 27 април лани, биле пронајдени неколку мобилни телефони, потврдија за Плусинфо од јавното обвинителство.

Информациите за телефоните кои биле прошверцувани во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари утрово ги објави Дојче Веле повикувајќи се на извори од истрагата. Според истите извори на медиумот, се претпоставува дека најверојатно била искористена можноста телефоните да бидат внесени замаскирани меѓу храната што ја носеле членови на нивните семејствата за време на посетите, но не се исклучуваат и други начини.

Неофицијално, пишува Дојче Веле, телефонски апарати биле најдени кај пратениците Крсто Мукоски и Сашо Василевски, ексначалникот во МВР, Оливер Поповски, член од обезбедувањето на Трајко Вељаноски и други лица.

Освен потврдата дека се пронајдени телефони, официјални информации за други прашања околу ова од обвинителството не објавуваат. Оттаму посочуваат дека откако телефоните биле пронајдени, предадени се на вештачење и тоа е во тек.

Додека се очекуваат информации во врска со резултатите од вештачењето, 15 осомничени од кои дел се наоѓаат во притвор во затворот во Шуто Оризари, а други во куќен притвор, ги исчекуваат одлуките на Врховниот суд.

Во највисокиот суд во вторникот се одржа јавна седница на која се разгледуваа нивните жалби во однос на изречените мерки од Апелација. Главниот аргумент на одбраната беше дека затворскиот или куќниот притвор треба да се укине бидејќи обвинителството ја заврши истрагата за „крвавиот четврток“, па осомничените веќе не можат да влијаат на сведоците, на прибирањето докази или на кој било друг начин во постапката.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...