Обвинителството поднесе обвинение против 30 лица за настаните од 27 април

996

Вкупно 30 осомничени од вкупно 35 првично осомничени, се опфатени со обвинителниот акт за настаните од 27 април лани во Собранието.

28 од нив се товарат за терористичко загрозување на уставниот поредок, а двајца за помагање на истото дело. Од обвинение се спаси само пратеничката Жаклина Пешевска за која посочија од обвинителството, не се пронајдени докази дека на каков било начин учествувала во настаните. За четворица од првичните 35 е запрена постапката бидејќи тое се во бегство и истата, според најавите, ќе продолжи откако тие ќе бидат пронајдени.

– Обвинителството е уверено во оваа правна квалификација на кривичното дело и во доказите со кои располага. Претпоставувам ова во постапката ќе биде оспорувано од страна на одбраната, но обвинителството е уверено во доказите со кои располага – рече обвинителот Љубомир Јовески.

По поднесувањето на обвинителниот акт до Кривичниот суд во Скопје, од обвинителството на прес-конференција соопштија и детали од истрагата, меѓу кои и тоа дека биле поставени две импровизирани експлозивни направи, а бил вперуван и пиштол кон Заев.

За деталите можете да прочитате ТУКА.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...