Обвинителство може кривично да гони за навредите на Фејсбук за загинатите планинари

125

Објавите по социјалните мрежи се следат, ако се утврдат елементи на кривична одговорност, оние кои ги постирале ќе одговараат.

Несреќата со двајцата планинари кои загинаа искачувајќи го Кајмакчалан, покрај изразите на сочувство и неверување на социјалните мрежи, зема и друга димензија. Се појавија згрозувачки и навредливи коментари, исполнети со говор на омраза, постирани од профили со име и презиме, но и од такви, сокриени зад слогани и пароли, како што е случај со прифлот „ИМЕТО НЕ ГО ДАВАМЕ“.

Дали надлежните можат да го запрат ваквиот говор на социјалните мрежи, дали некој ќе одговара треба да покаже увидот на Обвинителството.

– Објавите се следат, истите ќе се анализираат. Ако Обвинителството утврди дека постојат елементи на кривично дело за кое се гони по службена должност, ќе реагира – велат од Јавното обвинителство.

Како дошло до несреќата во која младите планинари Калина Велевска и Александар Миновски ги загубија животите, пак, одговорот треба да го дадат грчките служби. Тоа во моментов не е во надлежност на македонските органи, но кога ќе пристигнат информациите од Грција, тие ќе ги разгледаат и ќе се одлучи дали и што ќе се преземе.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...