Oбезбедувањето на Груевски ги нарачало тепачите за крвавиот четврток

2378

Судство.мк ексклузивно објавува делови од Обвинителниот Акт Ко.бр.66/17 за крвавиот четврток, во кој се содржани информации кои вчера не беа соопштени од државниот обвинител на одржаната прес конференција.

Александар Василевски Нинџа по налог на лице од обезбедувањето на Груевски кое било со него, примило повик во 14ч30м за да мобилизира 68 насилници, кои се собрале подоцна во ресторан на кејот, каде им биле поделени фантомки.

Во 18ч58м, во обвинението повторно не се изнесува кој му се јавил на Никола Митрески- Кољо за да извршат насилен упад.

Во обвинителниот акт на 15 стрни е наведена хронологија и опис на дејствија , а во наредните 17 се наведни доказите на кои се темели обвинителниот акт, а кој според листата на докази се 422.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...