Општина Охрид апелира до сите граѓани да информираат за сите локации каде им е потребна помош и има поголемо задржување на вода или се направени поголеми оштетувања, за да може итно да се реагира.
Граѓаните можат да пријават во Центарот за управување со кризи на телефонскиот број 195.
Од општината информираат и дека по невремето кое го зафати градот во текот на попладневните часови, екипи на ЈП „Охридски Комуналец“ се на терен за да ги исчистат и санираат последиците.
Повеќе градови во земјава попладнево беа зафатени со невреме, а најмногу дожд до 16 часот наврна во Охрид, каде се измерени 28 литри на метар квадратен. Невремето кое започна нешто по 14.30 часот донесе обилен пороен дожд, град, грмежи и засилен ветер.