Oпштествена одговорност на странските инвеститори

Ако ги земеме како пример компаниите од каде што доаѓа раководството на Советот на странски инвеститори при Стопанската комора на Македонија (претседателот и потпретседателите на оваа асоцијација), а тоа се ЕВН Македонија, Комфи Ангел Скопје, Арцелормиттал Скопје, ќе видиме дека станува збор на компании кај кои општествено одговорното работење претставува нераскинлив дел од нивната корпоративна стратегија.

233

Главен советник на Управниот одбор на Стопанската комора на Македонија за правни прашања

Општествено одговорното работење станува долгорочна, конкурентска предност и услов за опстојување на пазарот, како за компаниите со странски капитал, така и за домашните компании.

Стандардот за корпоративна општествена одговорност ISO 26000 ја дефинира општествената одговорност како одговорност на организацијата/компанијата за влијание на нејзините одлуки и активности врз општеството и животната средина преку транспарентно и етичко однесување кое придонесува за одржлив развој и благосостојба на општеството, ги зема предвид очекувањата на заинтересираните страни, работи во согласност со важечките закони и меѓународните норми на однесување и таквото однесување го спроведува во односите со своите клиенти или заинтересираните страни.

Ако ги земеме како пример компаниите од каде што доаѓа раководството на Советот на странски инвеститори при Стопанската комора на Македонија (претседателот и потпретседателите на оваа асоцијација), а тоа се ЕВН Македонија, Комфи Ангел Скопје, Арцелормиттал Скопје, ќе видиме дека станува збор на компании кај кои општествено одговорното работење претставува нераскинлив дел од нивната корпоративна стратегија.

Такви се, на пример,активностите на ЕВН Македонија за подигање на свеста за разумно користење на електричната енергија, заштитата на птиците кои имаат живеалишта на електричната мрежа, отстранување опасни материјали од трансформаторските станици, поддршката на настани поврзани со македонската традиција, инвестирањето во промоцијата на спортот и здравјето и тн.

Проектот на Комфи Ангел Прилеп насловен „Караван на среќата“ кој традиционално се организира секоја година, со цел собраните средства од купените производи на оваа компанија ширум државава да се донираат за поддршка на младите и спортот е исто така значаен придонес за подигнување на јавната свест за потребата од практикување на општествено корисно однесување.

Бројните хуманитарни акции на Арцелормиттал за децата без родители, за Заводот за рехабилитација на деца и младинци, за поддршка на културата и негувањето на пишаниот збор, како и за заштита на животната средина се исто така дел од активностите на странските инвеститори во земјата, со кои, на дело покажуваат дека нивната цел не е само остварување на профит и други компаниски цели, туку и грижа за општото добро на средината во која работат.

И ова не се единствените примери. Ги има многу. Впрочем, нема компанија- странски инвеститор која на некој начин, со дел од своите активности, не придонела за промовирање на општествените вредности, насочени кон економска и социјална благосостојба, преку кои, во суштина, се постигнувa подобрување на сопственото реноме на компаниите, но и подобрување на целокупниот квалитет на животот во поширокото општествено окружување.

Во тој контекст, би го споменала „Светскиот пикник“, кој веќе стана традиционален настан од хуманитарен тип, во организација на Советот на странски инвеститори при Стопанската комора на Македонија. Оваа година ќе се организира на 9 јуни во Градскиот парк, кадешто преку мноштво забавни содржини за младите, но и за возрасните, граѓаните ќе имаат можност да ја вкусат традиционалната храна на земјите од каде што доаѓаат странските инвеститори во земјава, а средствата собрани од организацијата на овој настан ќе се доделат на оние на кои тоа им е најпотребно, како што се народните кујни, социјално ранливите категории и слично. На таков начин, придобивките за заедницата се повеќестрани и се состојат во приближување на странските инвеститори до граѓаните со нивната култура и традиција преку традиционалната храна на еден неформален начин, во релаксирана атмосфера, со музика, забава и анимирање на разни интересни групи на посетители, вклучувајќи ги и најмладите, претставниците од компаниите, медиумите и воопшто граѓаните, но исто така многу позначајна придобивка е хуманитарната димензија на овој настан, што ја покажува цврстата определба на странските инвеститори да бидат пример за општествено одговорно и грижливо работење.

Со раздвојувањето на сопственоста од управувањето со капиталот, неминовно доаѓа и до промени во начинот на управување на компаниите, па сите чинители имаат директен или индиректен поединечен интерес од работата на компаниите: вработените и менаџментот добиваат плати и награди, акционерите добиваат приходи од капиталот, купувачите ги добиваат потребните добра и услуги, а добавувачите добиваат соодветен надомест за продадените добра. Со тоа, сите чинители обезбедуваат определена вредност, но доколку кон сите овие вредности не се додаде и јасно прокламира и стремежот на компанијата кон некоја јасно определена заедничка цел, која е општествено корисна за еден поширок круг во заедницата, тогаш и компаниските поединечни цели остануваат незабележани.

Токму затоа, општествената одговорност на компаниите е прашање кое е дискрециона одлука на секоја компанија, односно прашање кое не треба да се уредува со прописи, туку треба да биде дел од една високо развиена јавна свест, корпоративна култура и вредности , чија цел не се состои во обезбедување на определени даночни повластици заради дадените донации или спонзорства во јавните дејности, туку истата придонесува кон јакнење на нивната конкурентност во глобалната економија преку зголемување на додадената вредност на нивните производи и услуги, придонесува за подобрување на угледот и имиџот, заштита на животната средина, подобрување на социјалните услови во заедницата, како и промовирање на етичкото управување.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...