Oколу 800 Французи утре ќе пристигнат во Крива Паланка

2034

Oколу 800 Французи утре ќе пристигнат во Крива Паланка како дел од 6-то издание на „Еуроп-Раид“, првото авантуристичко патување низ Европа. Тие одбраа попатно да застанат во Крива Паланка, место познато по своите активности во областа на Франкофонијата во Северна Македонија.

260 екипажи, секој патник во возило „пежо 205“, тргнаа од Париз на 27 јули, во духот на меѓународната солидарност, носејќи со себе 17 тони училишна опрема која ја донираат на училишта од Босна и Херцеговина до Бугарија, преку Албанија и Северна Македонија. Поминувајќи 10.000 километри за 22 дена, секоја екипа има мисија да понесе најмалку 100 кг училишна или спортска опрема: училишни торби, тетратки, листови, моливи, топки, играчки… Europ’raid сака да им помогне на многу деца кои немаат пристап до училиште или живеат во неповолни услови.

Во рамките на оваа активност, францускиот амбасадор во земјава Кристијан Тимоние ќе оствари средба со градоначалникот на Крива Паланка, Борјанчо Мицевски, со кого ќе разговара за зајакнување на децентрализираната соработка, особено преку овој важен проект на француската солидарност преточен во туристичка активност, како и за развојни проекти на општината (гасификација, зимско спортско одморалиште, органско земјоделство). Во Крива Паланка, Франкофонијата и културното наследство, како и потенцијалот на помладите генерации придонесуваат за просперитетна иднина на овој регион.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...