НВО Инфоцентар бара кривична одговорност за нарачателите на истрагите

Бараме надлежните институции да покренат кривични постапки спрема сите лица кои се ставија во функција на режимот на ВМРО-ДПМНЕ во процесот против критичкото граѓанско општество.

440

НВО Инфоцентарот, како една од дваесетте граѓанските организации кои беа директна мета на „ловот на вештерки“, односно на минатогодишните инспекции и истраги од страна на Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција, Министерството за внатрешни работи, Финансиската полиција и Управата за јавни приходи, изразува задоволство од официјалната информација дека истрагите се неосновани и дека тие се завршени бидејќи не се откриени никакви кривични дела.

„Ваквиот епилог, недвосмислено укажува на фактот дека државните институции беа злоупотребени од режимот на ВМРО-ДПМНЕ и на Никола Груевски, за политичка репресија врз граѓанските организации и активистите. Процесот на „десоросоизација“ инициран од ВМРО-ДПМНЕ имаше една и единствена цел, да ги заплаши, замолчи и казни борците за слобода и демократија во Република Македонија.

Сепак, сметаме дека затворањето на истрагите не е доволно. Бараме надлежните институции да покренат кривични постапки спрема сите лица кои се ставија во функција на режимот на ВМРО-ДПМНЕ во процесот против критичкото граѓанско општество. Од нарачателите, до сите лица кои ја злоупотребиле својата позиција и службена должност.

Оние кои направиле злоупотреба мора да одговараат, зашто само на таков начин правдата може да биде задоволена, но и да се спречат и обесхрабрат сите идни обиди од која било власт, за заплашување и политички прогон на граѓаните“, се наведува во нивната реакција.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...