„Новости“: Британците бараат од Србија да ја осуди Русија за случајот Скрипал

467

Велика Британија преку дипломатски канали и пренела порака на Владата на Србиае дека и Србија би требало недвосмислено да го осуди труењето на Сергеј Скрипал, што значи за тоа да ја обвинува Руската Федерација, дознава српскиот весник „Новости“.

Весникот наведува дека овие „опасни очекувања“ од Островот доаѓаат во момент кога „гори дипломатска војна“ меѓу Западот и Москва поради труењето на поранешниот руски шпион, а додека Белград во исто време води жестока битка Приштина да го испочитува својот потпис на Бриселскиот договор и да го заврши формирањето на Заедница на српски општини.

– Така нашата држава, после залудните барања на ЕУ да се придружиме кон санкциите против Кремљ, повторно се вовлекува во глобално влечење јаже меѓу големите сили, со недвосмислени очекувања јавно да ја осудиме Москва за злосторството во Солсбери, во кое нејзината улога воопшто не е расветлена – заклучува „Новости“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...