Регионалната платформа на Западен Балкан за застапување на слободата на медиумите и безбедноста на новинарите ги осуди заканите упатени кон претседателот на Здружението на новинари на Македонија, Насер Селмани.
„Заканите и нападите врз новинарите претставуваат директен напад врз слободата на изразувањето и правото на граѓаните да бидат информирани. Секој напад врз новинари претставува напад врз јавниот интерес, демократија и правата на граѓаните“, се наведува во соопштението.
Од Регионалната платформа на Западен Балкна за застапување на слободата на медиумите и безбедноста на новинарите најавуваат дека ќе испратат писма до сите релевантни власти во Македонија и ќе побараат брзо и темелно истражување на сите факти поврзани со овој случај.