Нова партија на политичката сцена, Бошњачки демократски сојуз

Потпретседател на партијата е Зеќир Кувардовиќ, а генерален секретар Дино Дрпланин.

723

Бошњачкиот демократски сојуз е новата политичка партија, која беше формирана денеска, а за прв ретседател го избра Мунир Колашинац. Потпретседател на партијата е Зеќир Кувардовиќ, а генерален секретар Дино Дрпланин.

-Бошњаците, како и другите заедници, имаат право на уставно еднаквост нега на културните вредности, со помош на државните и другите институции. Ќе се бориме за целосна имплементација на образование на Бошњаците и на сите други заедници на нивниот мајчин јазик. Ќе се залагаме и за информирање на мајчин јазик. Статусот на Бошњаците ќе биде остварен преку законските одредби во Македонија – изјави Колашинац.

Генералниот секретар и портпарол, Дино Дрпланин, рече дека партијата ќе дејствува во политичкиот центар. И дека според законот за употреба на јазиците сега и босанскиот јазик ќе се користи како официјален, по примерот на скопската општина Петровец.

Од пртијата велат дека бројот на Бошњаците во земјава е многу поголем од 17.000.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...