Додека љубителите на „Игра на престолите“ ја чекаат последната сезона од својата омилена серија, се појавија трејлери новата, научнофантастична серија заснована врз приказна од американскиот писател Џорџ Р.Р. Мартин.
Се работи за неговата новела „Nightflyers“ од 1980 година, научно-фантастична хорор приказна којашто самиот автор ја нарекува „Психо во Вселената”.
Судејќи според реакциите на интернет и друштвените мрежи – приказната делува ветувачки. Ја следи мисијата на вселенскиот брод „Најтфлајер“ којшто треба да ги истражи најоддалечените делови од Сончевиот Систем. Но, сето тоа се претвора во безмилосна борба за опстанок во затворен простор.
Главните улоги ги толкуваат Гречен Мол, Сем Страјк и Филип Рајс.
Дистрибуцијата на серијата вон Америка ја презема Нетфликс, фирма копродуцент на проектот.