Нова демократија: Ципрас покажа колку неодговорно ги води националните прашања

Како што јави дописникот на МИА од Атина, од Нова демократија повторуваат дека за разговори за името, потребна е претходна промена на Уставот и отстранување на секаков вид иредентизам.

478

Со одговорот на прашањето на дописникот на МИА од Брисел, дека посакува следниот пат да се претстави како новинарка од Горна Македонија, Ципрас, според Нова демократија потврдил колку „неодговорно и површно управува со националните прашања“.

Грчката опозициска партија, преку соопштение реагираше и побара од Алексис Ципрас да стане сериозен и да ги разбере неговите национални одговорности.

„Со несериозниот одговор до скопската новинарка, посакувајќи следниот пат кога ќе се сретнат да ја претставува Горна Македонија, Ципрас за жал потврдува колку неодговорно и површно лично тој и владата ги водат нашите национални прашања“, пишува во соопштението од грчката опозициска партија.

Како што јави дописникот на МИА од Атина, од Нова демократија повторуваат дека за разговори за името, потребна е претходна промена на Уставот и отстранување на секаков вид иредентизам.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...