Уште еден пожар изби во трговскиот центар во рускиот град Кемерово, каде утрово е изгаснат огнот што изби вчера.
– Според очевидците од објектот се издига чад – објави „Раша тудеј“.
Во вчерашниот пожар во трговски центар во сибирскиот град Кемерово загинаа најмалку 64 лица, меѓу кои и голем број деца, изјави денеска рускиот министер за вонредни ситуаци, Владимир Пучков.
Станува збор за трговскиот центар „Зимнаја вишња“, кој се наоѓа во една од главните градски улици, во близина на железничката станица. Трговскиот центар е отворен во 2013 година, со површина од 23.000 метри квадратни, паркинг за 250 автомобили, продавници, сала за куглање, детски центар и кино.