Сообраќајот на патниот правец Катланово – Велес е нормализиран, информираат од ЈП Македонија пат.
Претходно, поради одрон после манастирите сообраќајот на патот се одвиваше по една коловозна лента во должина од 100 метри.
– Одронот е исчистен и сообраќајот се одвива по две коловозни ленти – посочуваат од ЈП Македонија пат.