Најзначајниот член на „тунискиот квартет“ кој беше добитник на Нобеловата награда за мир за 2015 година, Уидед Бушамауи, ќе престојува во Македонија, на покана на Првиот приватен Универзитет ФОН-Скопје. На 5 Март ќе и биде доделена титулата Доктор HONORIS CAUSA на Универзитетот, во присуство на поголем број представници на академската заедница, на невладиноот сектор и на бизнис заедницата од Македонија.
Уидеде Бушамауи, по „јасмин револуцијата“ од 2010, стана првата жена – председател на Стопанската комора на Тунис. Од оваа позиција заедно со останатите постари активисти на невладиниот сектор, успеа да ја спаси државата од економски и политички колапс, да го сочува интегритетот на Тунис и да ги организира првите слободни парламентарни и председателски избори.
Во 2015 година и беше доделена Нобеловата награда за мир, во конкуренција на 273 кандидати меѓу кои Ангела Меркел, Џон Кери и други видни личности и хуманитарци. До- битник е на повеке други видни признанија меѓу кои Поларната звезда од страна на шведскиот крал Карл XVI Густав, Legion d’Honeur –Витез на Легија на честа од страна на Францускиот председател Франсоа Оланд , прогласена е за највлијателна жена во Африка во 2016 и др. При доделувањето на Нобеловата награда за мир во 2015 во Осло, Уидед Бушамауи истакнала: “..Среќна сум што луѓето од граѓанскиот сектор на Тунис покажаа дека се способни да го зачуваат мирот и државата..сега ни останува обврската да профунционира демократијата и институциите“. Уидед Бушамауи била цел и на бројни обиди за физичка елиминација, бидејки една од нејзините главни мисии е родовата едналвост во Тунис и Африка.