Нобелов институт: Кандидатурата на Трамп е најверојатно лажна

Можам да кажам дека имаме добра причина да веруваме дека номинацијата на Трамп е лажна, изјави Олав Нјолстад, директор на Нобел институтот.

351

Норвешкиот институт Нобел побара денеска од полицијата да истражи веројатно лажна кандидатура за американскиот претседател Доналд Трамп за Нобелова награда за мир.

Трамп е номиниран заради неговата „идеологија за мир со примена на сила“ од анонимен Американец, јави Би-Би-Си.

Директорот на Институтот изјави дека постојат сомнежи дека номинацијата на Трамп најверојатно е лажна.

– Можам да кажам дека имаме добра причина да веруваме дека номинацијата на Трамп е лажна – изјави Олав Нјолстад, директор на Нобел институтот.

– Иста лажна номинација за него беше доставена и лани – додаде тој.

Номинациите за Нобеловата награда за мир мораа да бидат доставени до 31 јануари, а добитникот ќе биде соопштен во октомври. Кандидати за наградата може да предлагаат членови на парламенти и влади, поранешни добитници и некои универзитетски професори.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...