Николовски: Условите во студентските „Кузман“ и „Стив“ се под секое човечко достоинство

586

Условите за работа и престој се под секое човечко достоинство, заклучи новиот директор на Студентските домови во Скопје, Дарио Николовски по обиколката на домовите Кузман Јосифовски Питу и Стив Наумов.

„Во Стив Наумов често нема топла вода, голем дел од радијаторите не функционираат, а кровот прокиснува на повеќе места. Хигиената во дворот е на катастрофално ниво, опремата со која работат вработените е стара и нефункционална и има сериозен недостаток од кадар. Студентите особено се жалат на зимскиот период кога е условите за престој се под секое човечко достоинство. Во домот Кузман Јосифовски Питу приоритетна е реконструкцијата на кујната и набавки на нови апарати. Кујната е во лоша состојба, рерните не работат, прокиснува плафонот и има стари апарати кои со години не функционираат, но зафаќаат место. Има недостаток на вработени а условите во соблекувалните и во работниот простор се многу лоши. Од разговорот со студентите може да се заклучи дека најмногу се незадоволни од квалитетот на храната, кое исто беше посочено и од студентите во Стив Наумов“, посочиле од студентските домови во Скопје.

Николовски најави реализација на истражување со студентите кои претстојуваат во домовите, а чиј број е повеќе од 2.200. Целта на новото раководство, како што рече тој, е да го слушне мислењето на студентите и нивните приоритети, а потоа согласно тоа да се дефинираат приоритетните активности и да се решаваат најважните проблеми. За денеска е најавено дека ќе се направи обиколка на домовите „Гоце Делчев“ и „Невена Георгиева Дуња“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...