Николоски: Да бев Заев ќе предложев амнестија за 27 април

906

Да бев Зоран Заев ќе предложев закон за амнестија за сите лица кои учествуваа во настаните на 27 април и ќе им простев, изјави Александар Николовски потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата „200“ на Алсат.

-Факт е дека се случи насилство, проблемот е што не се гонат луѓе кои извршиле насилство зошто за нив има и пресуди, туку се претпоставува дека имало организирање- вели Николоски.

Според него, само со амнестија на учесниците во настаните во Собранието од 27 април може да се разреши целата ситуацијата, да се работи на релаксација на односите, а не на нивна радикализација. Тој смета дека премиерот Зоран Заев треба да предложи закон за амнестија за сите лица кои учествуваа во настаните на 27 април. Николовски додава дека премиерот мора да има зрел политички одност кон настаните.

-Работата на еден политичар особено ако е лидер, а премиер е лидер на една држава е да се става над ситуација, да ја гледа ситуацијата од горе, и да се обидува состојбите во сопствената држава да ги релаксира, а не радикализира. Се претера во одмаздата на СДСМ, не може луѓето да ги обвинувате за тероризам. Ако сакаме да имаме помирување во оваа држава и политичко и етничко, а факт е дека има голема поларизација, чекори мора да прават тие кои се дел од тоа, за да имаме помирувње чекорот мора да е направен од СДСМ за да значи помирување во дрзавата -истакна  Николоски.

Според него, постои сериозен притисок врз јавното обвинителство од страна на СДСМ. Тој додава дека е симптоматично што нема одговорност за политичко насилство  односно зошто не се говори за тоа дека на 27 април имало нелигитимен избор на претседател на Собранието.

Тој е категоричен дека ВМРО-ДПМНЕ на ниеден начин нема ништо со организација на тој настан, туку дека истиот е израз на револт и ги премина границата. Но, додава Николоски, тоа никако не е тероризам.

Говорејќи за тоа дека имало телефонски разговори чија содржина била координација меѓу лицата кои протестирале и претставници на ВМРО-ДПМНЕ, Николоски прашува како е можно да се знае содржината на разговорот кога се знае дека за да се следи комуникацијата треба да има наредба од суд.

-Како обвинителството знае што се зборувало на телефон, претпоставувам имаат листинг на броеви, но од каде знаат за што се зборувало. Ова говори само до каде оди политизацијата на настаните – категоричен е Николоски.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...