Никола Митревски Кољо сам се пријавил во „Шутка“

Митревски во затворот е доведен со полициско возило околу 15.30 часот откако претходно самиот доброволно се пријавил во полициска станица.

1687

Никола Митревски Кољо, осомничен за насилните настани на 27 април во Собранието и кој досега беше во бегство, денеска попладне сам се пријавил во полиција и е пренесен во Истражниот затвор во Шутка.

Управата на КПУ Затвор „Скопје“ за МИА потврди дека Митревски во затворот е доведен со полициско возило околу 15.30 часот откако претходно самиот доброволно се пријавил во полициска станица.

Според обвинението, Митревски заедно со Александар Василевски – Нинџа телефонски ги контактирале обвинетите Јане Ченто, Игор Југ, Младен Додевски, Захарие Симовски, Михаил Младеновски и Дејан Давидовски Дешо, и го мобилизирале членството од другите градови за насилен упад во Собранието

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...