Ни фалат 20 центри за советување и превенција од насилство

208

За Македонија да има систем за заштита од насилство потребно е да имаме 25 засолништа за жртви на насилство, најмалку пет кризни центри за жртви на силување, најмалу три центри за жртви на сексуално насилство, како и да се отворат повеќе од 20 центри за советување во кризни ситуациии и превенции. Неопхони се и обуки на персоналот кој ќе работи во нив, законски измени, како и едукација на судиите и јавните обвинители кои треба да ги препознаат и соодветно да го казнат родовото насилство.

Ова го истакна министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, на денешниот настан „По ратификацијата: Што е следно по Истанбулската конвенција“, организиран од канцеларијата на Обединетите нации во Македонија.

Царовска рече дека е обврска на целото општесто да се бори за родова еднаквост, а тие како Влада се обврзале дека кон родовите теми нема да гледаат низ призмата на патријархалното.

– Бробата за родова еднаквост не е нешто што можеме да го направиме само со зборови, потребни се и конкретни дела. Оваа Влада под водство на премиерот Зоран Заев, јас како министерка и другите министри во Владата, мажи и жени, ќе направиме сé и се вложуваме да направиме пресврт на нашето општество како што доликува на една демократска, европска, земја која после долг период на уназадување на женските права, конечно почнува да работи сеопфатно на родовите теми и се обврзува дека нема да ги гледа патријархално – рече Царовска.

Таа рече дека благодарение на глобалната акција „Сега кажувам“ годинава 8-ми март го дочекуваме со возобновена, охрабрувачка и зајакнувачка енергија.

На настанот се обрати и премиерот Заев, кој нагласи дека координацијата меѓу министерствата за труд и социјална политика, за здравство и за внатрешни работи е од клучно значење. Тој потсети дека веќе е формирано активно национално координативно тело против семејно насилство кое треба да прерасне и да се трансформира во национално координативно тело против родово засновано насилство.

Министерот за здравство, Венко Филипче, зборуваше за активностите кои ги презема неговиот ресор, најави отворање на три здравствени центри кои ќе даваат услуги по стандардизирани принципи. Тие ќе бидат сместени во Клиниката за гинекологија во Скопоје и во болниците во Куманово и Тетово. Филипче посочи и дека при крај е ревизијата на Законот за абортус, што наскоро ќе биде објавено и ставено во процедура.

ФОТО: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...