Израелскиот премиер Бенџамин Нетанјаху заврши во болница вечерва поради висока температура и силно кашлање.
Направени му се повеќе испитувања за неговата здравствена состојба.
Нетанјаху, како што соопшти неговиот кабинет, не ги почитувал препораките за целосен одмор за да закрепне од грипот од кој боледувал пред две недели. Како резултат на тоа, симптомите се влошиле.
Нетанјаху се одморал и работел од дома шест дена со температура.
Фото: EPA/JIM LO SCALZO