Македонскиот фудбалски репрезентативец Илија Несторовски очекува победа против Финска и продолжување на серијата добри резултати на националниот тим.
Македонија утре против Финска ќе го одигра првито од два контролни натпревара во турски Белек.
– Тренираме максимално, имаме одлични услови за работа во изминатите четири дена. Финска е квалитетна селекција и ја сфаќаме сериозно. Ги анализиравме нивните добри и помалку квалитетни страни и верувам дека со победа ќе ја подобриме одличната атмосфера во нашиот табор. Тоа секако ќе ни биде дополнителен мотив и за дуелот против Азербејџан, вели Несторовски за веб страната на ФФМ.
Со Азербејџан „црвено-жолтите“ се среќаваат на 27 март исто така во Белек.
ФОТО: EPA/GEORGI LICOVSK