Првата ѕвезда на Пари Сен Жермен, бразилскиот фудбалер Нејмар се почесто си ги кажува своите желби и барања до раководство на клубот како услов да остане во Париз.
Неодамна Бразилецот побара управата на клубот да го донесе Луис Енрике кој му беше тренер на Нејмар во Барселона, а најново негово барање според една локална бразилска телевизија е предводникот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан да е нов кормилар на ПСЖ.
Во светските медиуми се пишуваше и за идна соработка меѓу Нејмар и Зидан, но во обратна насока, односно Бразилецот да оди во Реал.
Во овој момент со сигурност не може ништо да се каже, но се чини дека најизвесно е тоа дека ПСЖ по истекот на сезоната ќе го смени тренерот Унаи Емери кои не ги исполни амбициите во Лигата на шампионите.