Нејмар побара од управата на ПСЖ да го донесе Енрике за тренер

423

Првата ѕвезда на Пари Сен Жермен, Нејмар побара од раководството на клубот да го назначи Луис Енрике на тренерската позиција.

Претседателот на парискиот клуб Насер Ал-Хелафи оствари разговори со напаѓачот. Се разгледуваше прашањето за новиот тренер на тимот. Меѓу кандидатите беа споменувани тренерот на Челзи Антонио Конте и Луис Енрике.

Бразилецот инсистира на потпишување на Енрике.

Последен тренерски ангажман Енрике имаше во 2017 година во Барселона, а претходно работеше во Селта и Рома.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...