Научници спасени од остров близу Антарктик

Научниците со хеликоптер се префрлени на мразокршачот, затоа што бродот не можел да му пријде на островот бидејќи ледената пречка била премногу тврда.

226

Аргентински мразокршач спаси петмина американски научници, кои беа заробени на остров во близина на Антарктикот.

Министерството за надворешни работи на Аргентина соопшти дека спасените научници со хеликоптер се префрлени на мразокршачот, затоа што бродот не можел да му пријде на островот бидејќи ледената пречка била премногу тврда.

Научниците се во добра здравствена состојба, а во САД ќе бидат префрлени кога тоа ќе го дозволат временските услови.

Фото: EPA/NASA/GSFC/METI/ERSDAC/JAROS

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...