Наследникот на Нуланд доаѓа во Македонија

1438

Вес Мичел, помошникот државен секретар за Европа и Евроазија во понеделник доаѓа во Скопје, потврдуваат високи дипломaстки извори за ТВ 24.

Мичел ќе биде во прва посета на земјава, откако минатат година ја замени на позицијата во Стејт департментот Викторија Нуланд, која изигра клучна улога во Пржинскиот процес.

Мичел ќе се сретне со премиерот Зоран Заев и шефот на македонската дипломатија Никола Димитров. Неофицијално спорот со името ќе биде клучната тема.

Посетата на Мичел доаѓа пред следната рунда преговори меѓу Македонија и Грција, но и во пресрет на доаѓањето на грчкиот министер за надворешни работио Никос Коѕијас, кој по 20-ти месецов треба да допатува во Македонија со нацрт спогодбата за спорот со името

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...