Наместо манекенки, дронови ги носеа моделите на модна писта (ВИДЕО)

Совршено синхронизираните уреди летаа со закачени чанти додека одеше песна од Кендрик Ламар.

103

Модниот гигант „Долче и Габана“ покажа дека и модели можат да бидат заменети со современа технологија, употребувајќи дронови, за да ја промовира својата најнова колекција на чанти на Миланската модна недела.

Не сфаќајќи што се случува, публиката беше оставена да чека 45 минути, откако 600 гости беа замолени да го исклучат интернетот на своите мобилни телефони, за да не се мешаат со дроновите.

Совршено синхронизираните уреди летаа со закачени чанти додека одеше песна од Кендрик Ламар, а моделите дури потоа ја презедоа пистата.

Ова е уште еден шокантен новитет на престижната Миланска модна недела, откако „Гучи“ направи ревија со модели кои во раце носеа реплики од свои глави.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...