Најмалку 17 загинати при сообраќајка на минибус со мигранти во Турција

131

Најмалку 17 лица загинаа, а 36 други се повредени минатата ноќ при сообраќајна несреќа на минибус во источна Турција, соопшти турската полиција.

Како што јави Анадолија, минибусот превезувал илегални мигранти од Пакистан, Авганистан и Иран.

Засега нема детали за несреќата и за причините кои довеле до неа.

Во минибусот, кој е предвиден за најмногу 14 патници, имало над 50 мигранти.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...