Надал се враќа на теренот за „Дејвис купот“

Надал нема играно официјален натпревар од јануари, кога се откажа во четвртфиналето на Отвореното првенство на Австралија поради мускулен проблем.

162
Рафаел Надал, кој од следната недела ќе се врати на врвот на светската АТП листа, беше вклучен во составот на Шпанија за престојниот четвртфинален натпревар против Германија на неформалното светско тимско првенство за мажи – „Дејвис купот“.
Капитенот на шпанскиот тим, Серхи Бругера рече дека ќе продолжи да го следи напредокот на Надал во наредните недели и многу веројатно е тој да излезе на теренот за дуелите со Германците.
Надал нема играно официјален натпревар од јануари, кога се откажа во четвртфиналето на Отвореното првенство на Австралија поради мускулен проблем.
Во составот на Шпанија за натпреварите со Германија, кои ќе се играат меѓу 6 и 8 април во Валенсија, пријавени се уште Давид Ферер, Пабло Карењо Буста, Роберто Баутиста Агут и Фелисијано Лопез.
Рафаел Надал нема играно за репрезентацијата на Шпанија во „Дејвис купот“ од септември 2016 година.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...