Советот на ФИФА одлучи да ја одобри можноста за извршување на четвртата замена за време на дополнителното време од плеј-оф дуелите на Мундијалот 2018.
Да се изврши дополнителна замена во составот во други натпреварувања во светскиот фудбал беше дозволено од 2016 година.
Покрај оваа одлука, Советот на ФИФА, исто така, го одобри користењето на системот за повторување на видео снимките – ВАР на Светското првенство.
Светското првенство во Русија ќе се одржи од 14 јуни до 15 јули.