На „Христијан Тодоровски Карпош“ утре и задутре ќе се вози само по десната лента

239

Градот Скопје ги известува граѓаните дека утре и во среда ќе се асфалтираат двете леви сообраќајни ленти на булеварот Христијан Тодоровски Карпош (од страната на паркот во Чаир), на потегот од крстосницата со улицата Џон Кенеди до улицата Рокомија.

Поради тоа, на булеварот ќе се воведе привремен сообраќаен режим, ќе се постави соодветна патна сигнализација, а сообраќајот ќе се одвива по двете десни ленти на коловозот.

Градот апелира до учесниците во сообраќајот да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација на оваа делница и да ја приспособат брзината на движење на условите на патот.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...