Екипите на зимската служба на Град Скопје изминатово деноноќие на градските сообраќајници фрлиле 45 тони сол. Сите градски сообраќајни се чисти и проодни, соопшти Градот.
Интервенирано е на сите мостови, клучки, надвозници, подвозници и високите зони, како и на сите други таканаречени „црни точки“ во градот и критичните точки на градските сообраќајници.
И денеска екипите на зимската служба будно ја следат состојбата на градските сообраќајници и ќе интервенираат во зависност од условите на теренот.
Градот Скопје им препорачува на возачите да возат внимателно и да се придржуваат на условите на коловозите.
Од Градот апелираат до сите стопански субјекти во градот и до сите граѓани, кога ќе падне снег, да ги почитуваат законските обврски и да го расчистуваат снегот и мразот од пристапите до нивните деловни, односно станбени објекти.