На 99 години исплива 50 метри краул за 56 секунди (ВИДЕО)

496

Австралијанецот Џорџ Коронс, кој има 99 години, исплива 50 метри краул за 56, секунди на официјалиот натпревар во Квинсленд. Тој се надева дека неговиот резултат и официјално ќе биде потврден како светски рекорд во старосната група од 100 до 104 години.

Пливачот истакна дека е воодушевен од резултатот, како и од публиката, која гласно го бодреше за време на трката.

Во видеото објавено од Би-Би-Си, се гледа дека судијата му помага на Коронс да се искачи на стартниот блок, а потоа следеше решителен скок во базенот.

Коронс, кој е од Бризбејн, вели дека како млад бил страстен пливач, но престанал да плива кога избувнала Втората светска војна.

Повторно му се вратил на пливањето кога имал 80 години, сега тренира трипати неделно, а оди и во сала за вежбање.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...