На 25 март се воведува летното сметање на времето

306

Министерството за економија информира дека од недела, 25 март се воведува летното сметање на времето.

„Летното сметање на времето во 2018 година започнува на 25 март во 02h 00min 00s така што со поместување за еден час нанапред времето во 02h 00min 00s се смета како 03h 00min 00s.

Летното сметање на времето во 2018 година завршува на 28 октомври во 03h 00min 00s, така што со поместување за еден час наназад времето во 03h 00min 00s се смета како 02h 00min 00s“.

Вака одлучи Владата на 60-та седница.

Одлуката, како што информираат од Министерството за економија  е во согласност со член 5 од Директивата 2000/84/ЕС OJ: JOL2001031R002101 на Европскиот парламент и на Советот од 19.01.2001 година за договорите за планот за летното сметање и Информацијата на Европската Комисија во сообразност со член 4 од Директивата, објавена во Службениот весник на ЕУ бр. C 61, 17.2.2016.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...