Дванаестгодишниот Марко Пејчиноски некаколку минути пред 19 часот, по нешто повеќе од 9 часа пливање, го преплива Охридското Езеро.
На Градската плажа во Охрид тој беше пречекан со силна поддршка и со аплауз од илјадници граѓани.
Детето со челична волја утрово стартуваше од Св. Наум во услови на немирно езеро, засилен северен ветер и неповолен бран, но временските прилики не го поколебаа храбриот пливач.
Марко има доживеано инфаркт на коска на долни екстремитети, но тоа не го спречува да продолжи да се занимава со омилениот спорт – пливањето и да си ја исполни големата желба, да го преплива Охридското Езеро.
Патеката од Свети Наум до пристаништето во Охрид долга 30-ина километри во минатото често пати била несовладлива за многу поискусни маратонци.