МВР спречи обид за криумчарење мигранти во кумановско

120

Полициски службеници спречија обид за криумчарење мигранти кои се наоѓале во патничко возило, на патот од Куманово кон село Костурник.

Како што соопшти МВР, на 28 февруари 2018 година околу 22.20 часот на патот од Куманово кон село Костурник, од страна на полициски службеник е забележано патничко моторно возило „Мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки управувано од Б.И. (38), а како сопатник бил К.И. (21) двајцата од Куманово, од кое што излегле две непознати лица.

Од страна на полициските службеници извршено е легитимирање и извршен е разговор при што двете лица на возраст од 30 и 48 години од Либија, изјавиле дека сакале да се превезат до село Лојане.

Лицата се лишени од слобода, а од страна на РЦ Север до надлежното ОЈО против Б.И. и К.И се поднесени кривични пријави по член 418 б (криумчарење мигранти) од КЗ на РМ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...