МВР: Со кривична пријава до ОЈО предаден П.В. поради насилство врз Милевски

353

Единицата за насилен криминал при Секторот за внатрешни работи Скопје денеска со кривична пријава до надлежното Основно јавно обвинителство – Скопје го предаде лицето П.В. (37), поради постоење на основи на сомнение дека сторил кривично дело „насилство“ предвидено и казниво по чл. 386 од Кривичниот законик на Република Македонија.

МВР соопшти дека на 25 март околу 16:20 часот пријавениот П.В. на плоштад „Македонија“ во Скопје физички го нападнал Г.М. (пратеник во Собрание на Република Македонија). По пријавувањето на настанот, преземени се соодветни мерки и активности за негово расчистување.

– За таа цел објавивме и фотографија од напаѓачот и побаравме помош од граѓаните при неговата идентификација. Вчера од страна на полициски службеници од Единицата за насилен криминал пријавениот е лишен од слобода – посочуваат од МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...