МВР: Истрагата не констатира неправилности за невладините

Истражните органи до јавното обвинителство доставија предлог за затворањен на истрагата.

264

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска оствари средба со претставници на дваесетина невладини организации кои лани беа предмет на истрага покрената на барање на Антикорупциската комисија.

Претставниците на граѓанските организации беа информирани дека не се потврдени сомнежите односно не се обезбедени докази за субјектите кои се предмет на криминалистичката обработка.

Министерот информираше  дека по завршување на проверките во рамки на меѓуинституционалната криминалистичка обработка, од сите извршени проверки по барањата од ОЈО за ГОКК, доставени се известувања до ОЈО за ГОКК, во кои е наведено дека сомнежите се неосновани, а врз основа на прибавените информации е констатирано дека нема основи за понатамошна истрага. Врз основа на тоа, истражните органи до јавното обвинителство доставија предлог за затворањен на истрагата.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...