Мурињо: За мене секој противник е ист

177

Дербито меѓу Манчестер јунајтед и Ливерпул ќе ја одбележи денешната програма во рамките 30. коло во Премиер лигата.

Тренерот на Манчестер јунајтед, Жозе Мурињо, се обиде да ја намали тензијата кај играчите за важноста на натпреварот.

– Станува збор за два историски клуба во Англија и во светот. Сакам да победам, тие се само два бода пред нас. Голем меч, голем противник, но не сум за приказните од типот „овој меч е посебен”. За мене секој противник е ист, никогаш не сум гледал на Милан како на посебен противник, ниту на Атлетико, Тотенхем или Арсенал, истакна Мурињо.

Португалскиот стручњак истакна дека знае колку им значи на навивачите дуелот со Ливерпул.

Натпреварот меѓу Манчестер Јунајтед и Ливерпул е закажан со почеток во 13:30 часот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...