Поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија г.г. Стефан официјално го покани бугарскиот патријарх Неофит да учествува во празнувањето на 1000-годишнината од формирањето на Охридската архиепископија.
Поканата е упатена во писмо потпишано лично од архиепископот г.г. Стефан.
Во него се вели дека ако архиепископот Неофит не може да ја посети Македонија за празнувањето, да испрати свој претставник на соодветно ниво.
Поканата е упатена неколку дена откако бугарскиот патријарх Неофит нагласи дека „ако има покана од македонската страна, ќе присуствуваме“.
Светиот синод на МПЦ-ОА донесе одлука за одбележување на 1000-годишнината од ОА во храмот „Света Софија“ во Охрид на 28 мај.
Во ноември лани МПЦ-ОА побара од Бугарската православна црква да и биде црква мајка.