Две лица, 38-годишен маж и 11-годишно дете, се повредени во две одделни сообраќајки што се случиле во текот на вчерашниот ден во Скопје.
Едната е регистрирана на булеварот Трета македонска бригада, каде автомобил „форд фокус“ со скопски регистрации управува од 42-годишен скопјанец се судрил со мотоцикл на кој се наоѓал 38-годишникот.
Мотоциклистот бил пренесен на Клиничкиот центар каде лекарите констатирале тешки телесни повреди и го задржале на понатамошно лекување.
Во другата сообраќајка, регистрирана на улицата Петре Георгиев, 31-годишен скопјанец со автомобил „рено канго“ удрил во 11-годишно дете со велосипед.
Детето се здобило со тешки телесни повреди, прво било пренесено во градската болница во Скопје, но поради сериозноста на повредите е префрлено на Клиничкиот центар.