Во Кичево вчера околу 19 часот и 30 минути било пријавено дека на локалниот пат кон село Папрадиште 22- годишниот В.Ш од село Попојани, управувајќи трактор со приколка во која било лицето 41-годишниот Н.Ш изгубил контрола над истиот и се превртел.
– Н.Ш. скокнал од приколката, а В.Ш. бил нагмчен од тракторот и починал на самото место – велат од МВР.
Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Кичево.