Могерини: Тоа што се случи на Косово не смее да се повтори

Вучиќ и Могерини се состанаа вечерва во Белград, на разговори околу отворените прашања за иднината на дијалогот за нормализирање на односите Белград-Приштина.

1060
ФОТО: EPA/OLIVIER HOSLET

Високата претставничка за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Федерика Могерини, за време на состанокот со српскиот претседател Александар Вучиќ, рече дека вчерашните настани во Косово не смеат да се повторат и дека ЕУ очекува да се сочува мирот со мудар и воздржан пристап.

Вучиќ и Могерини се состанаа вечерва во Белград, на разговори околу отворените прашања за иднината на дијалогот за нормализирање на односите Белград-Приштина со посредство на ЕУ, соопшти Службата за соработка со медиуми на претседателот на Републиката.

Могреини изразила жалење за вчерашните настани во Косово.

– Тоа што се случи вчера, да не се повтори. Европската унија очекува да се зачува мирот со мудар и воздржан пристап – изјави високата претставничка на ЕУ.

Двајцата соговорници се согласиле да најдат нови начини за да продолжат со работа и решавање на проблемите меѓу Белград и Приштина по мирен пат, се додава во соопштението.

Инаку, директорот на српската канцеларија на Косово, Марко Ѓуриќ, вчера беше уапсен во Косовска Митровица, бидејќи, според Приштина, тој илегално влегол во Косово.

За време на интервенцијата на специјалните сили на косовската полиција, 32 лица беа повредени. Ѓуриќ потоа беше протеран од Косово во Србија.

ФОТО: EPA/OLIVIER HOSLET

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...