Кодовите МК и MKD нема да се менуваат. Единствено што ќе се смени во овој сегмент е регистарските таблици на возилата каде наместо МК ќе пишува NMK.
MK на таблиците рече Заев и така било провокација.
Договорот ќе биде валиден, откако ќе биде ратификуван од двата парламента, македонскиот и грчкиот, по референдумот во земјата и уставните измени.
Во врска со начинот на кој новото име ќе се воведе за внатрешна употреба, Заев појасни дека ќе се употребува со отворање на секое поглавје.
– За внатрешна употреба ќе се воведува со отворање на секое поглавје не подоцна од пет години. На пример при отворање на поглавјето за образовние не подоцна од пет години, кога дипломите од нашите универзитети мора да бидат променети со новото име. Дел од внатрешните промени нема да можат да бидат опфатени со поглавја, што значи дека конечно внатре се употребуваат со полноправно членство во НАТО – додаде Заев.
Појасни дека околу опсегот во внатрешноста македонската придавка ќе се користи за се што произлегува од идентитетот и јазикот, секаде ќе се употребува македонски, македонска, македонско.
За се што е поврзано со државните институции, службено и официјално ќе биде согласно новото име.
– Со прифаќањето на уставните измени тоа значи со промена на Уставот и конечното ратификување на договорот во Грција оваа влада ќе биде влада на Република Северна Македонија, но ќе зборуваме за македонска влада – рече Заев.
На прашањето какви отстапки направила Грција во процесот на преговорите, Заев истакна дека го прифатила македонскиот идентитет и македонскиот јазик.
Тоа се нивните отстапки. Ја разделивме хеленистичка од наша Македонија, рече Заев.
За договореното како што повеќепати посочи конечно ќе одлучат граѓаните на референдум, но нагласи оти без разлика каков ќе биде рефередумот задолжителен или консултативен ќе биде задолжителен за институциите во државата.
Во врска со тоа како било избрано решението Северна, наместо останатите предлози и зошто не биле организирани пошироки консултации, Заев нагласи оти биле консултирани сериозни експерти.
– Северни земји постојат, горни не, горни звучи како да сме од вчера – додаде Заев.
Нагласи дека веќе го информирал лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, а утре тој и Никола Димитров ќе се сретнат со Ѓорге Иванов. Во четврток договорот треба да биде ставен на владина седница, а викендот се надева дека ќе се реализира средбата со Алексис Ципрас, можеби во Преспа.